Филипе Кутињо на почетокот на оваа година успеа да ја оставари својата желба и да заигра во дресот на Барселона во кој пристигна од Ливерпул.
Каталонскиот клуб вклучувајќи ги и бонусите на „Црвените“ ќе требада им плати околу 160 милиони евра и јасно е дека Јирген Клоп на крајот од оваа сезона ќе има прилика да доведе неколку нови засилувања. Англиските медиуми пишуваат дека повторно би можеле да се „соработуваат“ со Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, Клоп сака да го засили средниот ред и сигурен е дека идеален избор е Иван Ракитиќ. Германскиот стратег би сакал парите од Кутињо да ги вложи во доведувањето на хрватскиот репрезентативец на „Енфилд“. Иднината на Ракитиќ во Барса не е сосема јасна, иако е стандарден веќе неколку сезони на „Камп Ноу“. Но, многумина сметаат дека Хрватот наскоро ќе го напушти каталонскиот клуб, а изгледа дека Ливерпул подготвено и трпеливо го чека расплетот на ситуацијата.