Дома Фудбал Англија Венгер ги моли навивачите: Немојте да ме мразите!

Венгер ги моли навивачите: Немојте да ме мразите!

Францускиот стратег Арсен Венгер повеќе од две децении е на кормилото на Арсенал, меѓутоа во последно време не остварува добри резултати со „топџиите“.

И покрај големиот притисок од јавноста и навивачите Венгер нема намера да го напушти кормилото пред 2019 година кога му истекува договорот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Не ме мразат тие мене како личност туку како менаџер кој не им носи резултати. Тоа е голема разлика, но не сакам да ме мразат. Не сум среќен кога губиме натпревари, секогаш сакам да победувам со стил и многу сум амбициозен“, изјави Венгер.

„Кога не ни оди добро јас патам како и сите навивачи на Арсенал. Овој клуб го сочинуваат 30 милиони луѓе и не пати само една личност. Единствено што сакам е тие 30 милиони луѓе да ги направам среќни“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шампионот Ливерпул вечерва игра против Њукасл

Штотуку започна Премиер лигата, а веќе сме сведоци на уште еден голем дуел од претходната …