Како што пренесуваат англиските медиуми три клубови од Премиер лигата се борат за потписот на дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.
Челзи и минатото лето го сакаше Кулибали и испрати неколку понуди, но Наполи одлучи да го задржи дефанзивецот кој на „Сан Паоло“ пристигна од Генк за 7,5 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челзи минатото лето нудеше 50 милиони евра за неговиот потпис, а англиските медиуми тврдат дека „сините“ се уште се заинтересирани за Сенегалецот.
Меѓетоа сега конкуренцијата за неговиот потпис е многу поголема, бидејќи силен интерес за Кулибали покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Арсенал.
Фудбалерот сака да се пресели во Премиер лигата, а овие три клуба ќе се борат за неговиот потпис следното лето.
Manchester United are set to battle it out with Chelsea and Arsenal to sign Napoli stopper Kalidou Koulibaly this summer. (Source: Daily Mirror) pic.twitter.com/df4DMOcBSH
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 8, 2018