Дома Фудбал Јувентус иако отпишан си најде ново место во четвртфиналето, Сити по безбедниот резултат од првиот меч патува во следната фаза (ВИДЕО)

Јувентус иако отпишан си најде ново место во четвртфиналето, Сити по безбедниот резултат од првиот меч патува во следната фаза (ВИДЕО)

И кога сите го отпишаа Јувентус, италијанскиот состав направи одличен потег, задавајќи последен удар вреден четвртфинале во ЛШ.

Екипата на Јувентус славеше против Тотенхем преку пресврт со 1:2, откако имаше отворен резултат по првиот меч кој заврши со резултат 2:2. На „Вембли“ резултатот го отвори Сон, а потоа Игуаин и Дибала се запишаа во листата стрелци за ново четвртфинале на „Старата дама“.

Манчестер Сити пак, иако загуби, лесно и рутински влезе во реваншот против Базел, со оглед на тоа дека од првиот меч понесе предност од 4:0. Гостите од Базел славеа вечерва на „Итхад“ со 1:2. Резултатот го отвори Жезус во 8. минута а Елиоуноуси израмни веќе во 17. минута. Победничкиот погодок беше дело на Ланг во 71. минута, иако веќе се беше залудно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија доби болна лекција, „Газета“ ги избра шесте столба за Мундијалот 2030

По поразот од Белгија со 1-4 и елиминацијата од Лигата на нациите, „Газета дело спорт“ пос…