Дома Фудбал Лига на шампиони Достигнување за почит – Икер Касиљас постави нов рекорд во Лигата на шампионите

Достигнување за почит – Икер Касиљас постави нов рекорд во Лигата на шампионите

Големиот Икер Касиљас вечерва успеа да ја сочува мрежата на Порто во натпреварот против Ливерпул на „Енфилд“.

Навистина, натпреварот практично и да немаше резултатско значење бидејќи Ливерпул во Португалија славеше со 0:5, но и покрај тоа Икер Касиљас се истакна со неколку одлични интервенции.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Она што е најважно, Касиљас успеа да ја сочува мрежата на својот 56 натпревар (58 ако се земат предвид квалификационите натпревари) во Лигата на шампионите.

До оваа бројка до сега не успеал да стигне ниту еден голман. Интересно е што овој рекорд Касиљас го постави во веројатно последниот натпревар во најелитното натпреварување во Европа.

Икер на лето ќе го напушти Порто, прашање е дали ќе остане во Европа, а не пак да брани во Лигата на шампионите и наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо не запира да тресе мрежи: Го постигна и 953. гол во кариерата! (Видео)

Фудбалерите на Ал-Наср славеа на гостувањето кај Неом со резултат 3:1 во рамките на 8-то к…