Дома Фудбал СРАМНО: Навивачите на Порто со свирежи ја испратија минутата молчење за Астори…

СРАМНО: Навивачите на Порто со свирежи ја испратија минутата молчење за Астори…

Ливерпул и Порто вечерва го играат реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

„Црвените“ имаат предност од огромни 5:0 од првиот натпревар, па прашањето на победникот веројатно е решено.

Натпреварот започна со едно минутно молчење во чест на неодамна трагично починатиот фудбалер на Фиорентина Давиде Астори.

Меѓутоа оваа ноќ и овој натпревар веројатно ќе остане запаметен по срамното однесување од страна на навивачите на Порто, кои дел од нив минутата молчење ја испратија со свирежи.

Сосема очекувано следуваше бура од реакции на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Победа со висока цена за БиХ: Демировиќ го пропушта првиот бараж

Босна и Херцеговина ја совлада Романија со пресврт, но во првиот меч за пласман во Лигата …