Дома Фудбал Потпишува до крајот на неделата – Патрик Клајверт ќе води клуб во Англија!

Потпишува до крајот на неделата – Патрик Клајверт ќе води клуб во Англија!

Поранешниот напаѓач на Барселона Патрик Клајверт наскоро би требало да започне со тренерска работа.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Клајверт постигнал вербален договор со Оксфорд Јунајтед кој се натпреварува во третото по ранг натпреварување во Англија и наскоро би требало да седне на клупата.

Екипата на Оксфорд во овој момент се наоѓа на 16 позиција во Лига 1 без шанси да се најде во баражот, а Холанѓанецот би требало договорот да го потпише до крајот на оваа недела.

Да потсетиме, Клајверт после завршувањето на фудбалската кариера работеше како помошник во репрезентацијата на Холандија, а исто така ја извршуваше и функцијата спортски директор во ПСЖ.

Како фудбалер го носеше дресот на Ајакс, Милан, Барселона, Њукасл, Валенсија, ПСВ и Лил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…