Дома Фудбал Ништо повеќе нема да биде исто: Големи промени во Серија А!

Ништо повеќе нема да биде исто: Големи промени во Серија А!

Италијанската фудбалска федерација најави големи промени за следната сезона.

Имено, по примерот на Англичаните, летниот трансфер период во Италија ќе се затвори 24 часа пред почетокот на првенството, односно на 18-ти август.

Следната сезона во Серија А ќе стартува на 19-ти август, а седум дена порано (12 август) ќе се одигра Суперкупот на Италија.

Предвидено е да се играат натпревари на католички Божиќ, пракса позната како „Боксинг Деј“ која досега се применуваше само во Премиер лигата. Калчолигашите во празничната програма ќе играат натпревари на 22. 26. и 30 декември, а потоа следи пауза до 20 јануари.

За разлика од Англичаните, меѓутоа, Италијанците го скратија и јануарскиот преоден рок, па клубовите од Серија А ќе можат да се купуваат од 1. до 19. јануари, бидејќи на 20. јануари ќе почне вториот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од битка за опстанок до повик за Португалија: Варела го убеди Жесус

Густаво Варела со осум гола за Монца го привлече вниманието на португалскиот селектор, кој…