Дома Фудбал Лига на шампиони Одлични вести за Емери пред реваншот, познат составот на ПСЖ?

Одлични вести за Емери пред реваншот, познат составот на ПСЖ?

Парижаните се спремаат за нивниот најважен натпревар оваа година.

Пари Сен Жермен утре со почеток во 20:45 часот ќе го пречека Реал Мадрид во реваншот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, а тренерот на „светците“ Унаи Емери денес доби добри вести.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Килијан Мбапе се опороави од полесната повреда и со сигурност ќе биде спремен за утрешниот натпревар.

Покрај тоа, откако Емери одмори поголем дел од играчите за викендот, денес сите нормално го одработија тренингот, секако сите освен Нејмар.

Според тоа медиумите веќе и шпекулираат за составот со кој ќе излезе Емери против Зидан.

Ареола е сигурен на голот, Дани Алвеш и Маркињос исто така, покрај него би бил најверојатно Тиаго Силва кој беше на клупата за резерви во Мадрид, играше Кимбампе.

Тиаго Мота се опорави, врза неколку натпревари и би можел да им прави друштво во средината на Верати и Рабиот. Во нападот се очекува да настапи триото Ди Марија, Мбапе и Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …