Дома Фудбал Италија Кинезите не сакале дербито да се одложи, но тогаш на сцена стапил – Џенаро Гатузо

Кинезите не сакале дербито да се одложи, но тогаш на сцена стапил – Џенаро Гатузо

Натпреварите од Серија А кои беа закажани за вчерашниот ден беа одложени поради големата трагедија и смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Споменатото коло требаше да биде во знак на големото градско дерби помеѓу Милан и Интер. Но натпреварот кој беше закажан за 20:45 часот на „Сан Сиро“ беше одложен по трагичниот настан.

Меѓутоа, според информациите на италијанските медиуми не биле баш сите за одложувањето на натпреварот. Посебно тоа се однесува на првите луѓе на Милан кои сакаа тој натпревар да се одигра бидејќи сопственикот на клубот Јонгхонг Ли допатувал од Кина за во живо да го следи овој натпревар.

Сепак, по објавата дека Астори починал работите во свои раце ги превземал Џенаро Гатузо. Тренерот на Милан порачал дека нема шанси тој натпревар да се одигра, дури го одложил и ручекот на играчите на Милан со сопственикот на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Толку беше: Нејмар веќе нема да игра за Бразил, заминува како најдобар стрелец!

Нејмар објави дека се повлекува од репрезентативната кариера по елиминацијата од Светското…