Икер Касиљас повеќе нема да биде голман на Порто, потврдија денес од португалскиот клуб.
Директорот на Порто, Франсиско Маркес истакна дека клубот повеќе нема да го плаќа високиот договор и дека Шпанецот ќе замине следното лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Клубот потроши огромна сума на пари кои и не мораше, а тоа пред се се однесува на платите на играчите. Приморани сме да се решиме од големите трошоци, а тука е и платата на Икер Касиљас. Мораме многу повеќе да балансираме, така на пример, ќе го пуштиме Икер на крајот од сезоната. Немаме избор, ќе платиме се до крајот на оваа сезона, но кога ќе се решиме од тој договор ќе заштедиме неколку милиони евра по сезона“, истакна Маркес.
Касиљас во Порто пристигна летото 2015. година од Реал Мадрид, а оваа сезона е во втор план бидејќи бранеше само на 21 меч.
Тој изминатата зима имаше понуда од Њукасл, исто така доби повик и од Кина и МЛС, а се шпекулираше дека би можел да замине во Серија А.