Не е конечен, ќе биде засилен веројатно за неколку фудбалери од домашното првенство.
Се очекуваше на списокот да ги нема Паоло Дибала и Мауро Икарди кој е „персона нон грата“ кај поголемиот дел од Аргентинеците, па Хорхе Сампаоли одлучи да ја воигрува екипата за Мундијалот со следните сили.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Голмани: Ромеро, Кабаљеро, Гузман
Одбрана: Рохо, Фунес Мори, Фасио, Отаменди, Акињо, Салвио, Таљфико, Меркадо
Среден ред: Маскерано, Пардес, Лансини, Ло Селсо, Биља, Банега, Ди Марија
Напад: Меси, Агуеро, Игуаин, Пероти.
Списокот не е конечен, дополнително ќе бидат повикани уште неколку фудбалери од аргентинското првенство.
„Гаучосите“ на 23 март ќе играат пријателски натпревар против Италија на „Итихад“, а четири дена подоцна на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе се сретнат со Шпанија.