Кога преодниот рок заврши навивачите на Интер имаа оправдани причини да бидат незадоволни, а сега добиваат нов повод за такво нешто.
Само да потсетиме со Интер се поврзуваа: Пасторе, Де Фрај, Рамиреш, Стариџ, Михтаријан, Делофеу…На крајот пристигнаа само Лисадро Лопез и Рафиња Алкантара.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На многумина им беше јасно дека проблем прави долгот од скоро 70 милиони евра во склад со Финансискиот фер-плеј и дека поради тоа практично на располагање Интер немаше ниту едно евро. Иако од клубот никој официјално не се огласи, од канцалриите на одговорните луѓе на „нероаѕурите“ стигнуваа убедувања дека составот ќе биде освежен и ќе започнат реконструкција.
Неодамна се пишуваше дека спортскиот директор на Расинг и поранешниот фудбалер на Интер Диего Милито постигнал договор со „нероаѕурите“ за трансфер на Лаутаро Мартинез за сума од 20.3 милиони евра, но изгледа дека реалност е поинаква и следи ново разочарување за навивачите на италијанскиот клуб.
Имено, Мартинез во разговор за локалните медиуми изјавил дека не постои никаков договор со Интер.
„Никаков трансфер со Интер не е договорен. Постои понуда, имаше состаноци, но тоа е тоа. Јас сум играч на Расинг и правам се за доброто на клубот. Се ќе биде јасно кога ќе дојде време и ќе бидете известени доколку има нешто конкретно. До сега нема никаков договор“, изјави Мартинез.