Дома Фудбал Италија Историска шанса на дофат: Оваа „златна генерација“ е подобра од шампионскиот тим на Марадона

Историска шанса на дофат: Оваа „златна генерација“ е подобра од шампионскиот тим на Марадона

По синоќешната голема победа над Каљари (5:0), Наполи ја продолжи трката кон титулата.

Ова е златна шанса не само на оваа генерација, туку и на целиот клуб кој со поделбата на силата и средствата на модерниот фудбал не се најде на неговиoт врв. По тој повод, се потсетивме како Наполи стоеше во оваа фаза од сезоната пред точно 31 година, кога со величествениот Марадона прв пат ја покори „Чизмата“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наполи таа сезона ја освои титулата во претпоследното коло, откако што на домашен терен ремизираше со Фиорентина, а Јувентус не успеа да ја совлада тогаш одличната Верона. Наполитанците на крајот го освоија Скудетото со три бода предност, но во времето кога лигата броеше 16 клубови, а победата носеше два, а не три бода.

Таа сезона, Наполи по 26 кола имаше 14 победи, 9 нерешени и 3 порази. Освои 37 бода, односно 62.7% од 52 можни. Оваа сезона Наполи во исто толку натпревари има 22 победи, 3 нерешени и 1 пораз, со што има 69 бода, односно 88,4% од можниот број на бодови. Дури и кога ќе ја земеме и разликата во предвид, во релативно потешкаа лига (претходно беше многу еднаква, со самото тоа и диструбицјата на бодови рамномерна), оваа разлика е навистина голема.

Кога станува збор за гол разликата, разликата е уште поизразена. Наполи во сезоната 1986/87 по 26 кола постигна 36, а прими 14 гола. Денеска имаат постигнато 60 и примено 15 гола. Со тоа треба да ја гледаме и разликата во контекст на ефикасноста на лигата. Имено, тогашната сезона беше една од најслабите во историјата на лигата, кога станува збор за просекот на голови – со 1.92 гола по натпревар го завзема 86. место (од вкупно 91.) на табелата од сите сезони во Серија А. Оваа сезона има просек од 2,71 гол што е на 28. место. Дури и кога ќе се земе тој критериум, Наполи постигнува за 13% повеќе голови во однос на својата прва шампионска сезона.

 

Кога зборуваме за натпреварите против ривалите од врвот на табелата (од трите, кои се наоѓаат на 2., 3., односно 4 место на табелата), Наполи на Марадона уште до оваа фаза од првенството ги реши сите двобои против Јувентус, Интер и Верона и запиша половичен успех од 2 победи, 2 нерешени и 2 порази. Оваа сезона на Наполи им останува уште гостување против Интер и Јувентус, но до сега два пати го победи Лацио и ремизираше со Интер (од Јувентус загуби со минимални (0:1).

Откога постои Серија А, ваквото темпо на Наполи само во една сезона не би им долено титула. Станува збор за рекордната сезона на Јуве во 2013/14 кога „Старата дама“ освои 102 бода, со што ги остави Наполитанците зад себе. Треба да се напомене дека Јуве таква сезона одигра и во 2004/05, но таа титула им беше одземена поради случајот „Калчополи“.

 

Само еднаш до сега некој клуб имаше 69 бода по 26 кола. Јасно, станува збор за Јувентус од 2014/15. Меѓутоа, Јуве тогаш имаше нешто послаба гол разлика (62-19) па Наполи е најуспешната екипа во историјата на Серија А од оваа фаза на првенството, дури и кога ќе го земеме во предвид периодот кога Серија А настапуваше со помалку клубови, па бројот на бодови немаше соодветна вредност.

 

Наполи има неверојатна сезона. Дури и оние кои фудбалот на Марусисио Сари и естетиката не се особено важен фактор, не можат да ги негираат историските бројки и доминацијата на тимот од „Сан Паоло“. Серија А е единствена која не е готова од сите најголеми европски лиги, а симпатиите на целиот свет се на страната на екипата која го игра најдобриот и најефикасниот фудбал откога постои.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…