Дома Трансфер зона Официјално: Атлетико продаде две ѕвезди за 48 милиони!

Официјално: Атлетико продаде две ѕвезди за 48 милиони!

Моментално второпласираната екипа од Примера, Атлетико Мадрид го продаде белгискиот напаѓач Јаник Караско и аргентинското крило Нико Гаитан во кинескиот клуб Далијан Јифанг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од Атлетико не ги објавија финансиските детали од трансферот, но шпанските медиуми открија дека „јорганџиите“ за Караско добиле 30 милиони евра, а за Гаитан додатни 18 милиони. Притоа Атлетико е приморан 25% од сумата да ја даде на поранешниот клуб на Белгиецот, Монако.

Караско на 124 натпревари за Атлетико Мадрид постигна 23 гола и запиша 17 асистенции, но во последно време не добиваше голема минутажа кај Сименоне, па и самиот сакаше да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…