Дома Трансфер зона Јувентус му постави ултиматум на Емре Чан

Јувентус му постави ултиматум на Емре Чан

Германскиот репрезентативец Емре Чан се уште нема донесено конечна одлука дали да потпише нов договор со Ливерпул или да го промени клубот.

Чан има договор со „црвените“ до крајот на сезоната, но веќе во неколку наврати ја одби можноста да ја продолжи соработката. Германецот порача дека до крајот на сезоната ќе донесе конечна одлука, а веќе од јануари има право да преговара со други клубови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Овој 24-годишен играч за врска најмногу се поврзува со Јувентус, но се чини дека „старата дама“ не може повеќе да чека па му постави ултиматум на Чан.

Како што пренесуваат италијанските медиуми од Јувентус му порачале на Чан дека повеќе немаат време да ја чекаат неговата одлука, па му дале ултиматум да се изјасни до крајот на оваа недела.

Покрај Јувентус силен интерес за Германецот покажува и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…