Најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар можеби ја игра својата последна сезона на „Стенфорд Бриџ“ бидејќи за него силен интерес покажува Реал Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Медиумите веќе со недели шпекулираат за евентуалниот трансфер на Азар во Мадрид, а на Челзи ќе му биде тешко да одолее на богатата понуда од „кралевите“.
Меѓутоа, Роман Абрамович сака да го задржи Азар по секоја цена на „Стенфорд Бриџ“, а медиумите пренесуваат дека пронашол начин да ја оствари својата намера.
Имено, „сините“ на Азар ќе му понудат нов договор и неделна плата од 300.000 фунти, што ќе го направи втор најплатен фудбалер во Премиер лигата веднаш после Алексис Санчез.
Белгиецот има договор со Челзи до 2021 година и моментално заработува 220.000 фунти неделно, па останува да видиме дали ќе се согласи да стави потпис на нов договор или е одлучен во намерата да се пресели во Мадрид.