Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид и официјално потврди.
Досегашните двајца фудбалери на „јорганџиите“ Јаник Караско и Нико Гаитан се нови членови на кинескиот клуб Далијан Џифанг!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мадриѓаните преку официјално соопштени испратија благодарност до Аргентинецот и Белгиецот за се што направија за клубот.
Атлетико одлучи да се откаже од овие двајца фудбалери поради нивниот пад на формата оваа сезона, но посебно во центарот на вниманието е што Јаник Караско минатото лето вредеше многу повеќе, а Атлетико бараше 100 милиони евра, поради што одби бројни понуди.
Сепак, Белгиецот оваа сезона игра непрепознатливо лошо. Кинезите понудија огромна сума, како на Атлетико, така и на Караско (засега не се објавува колку). Гаитан пак целосно беше во втор план, скоро и да не играше откако од пред една година пристигна од Бенфика како големо засилување.
Како и да е Атлетико заработи, на лето скоро сигурно се очекува и заминување на Гризман, а потоа веројатно следат нови вложувања.
Acuerdo con Dalian Yifang para el traspaso de @CarrascoY21 y @nicogaitan.
¡Buena suerte en vuestra nueva etapa! ¡Gracias, Yannick y Nico!
➡ https://t.co/hgRR8ENHTU
➡ https://t.co/f3nPNREaIw pic.twitter.com/L6CBMePFkF— Atlético de Madrid (@Atleti) February 26, 2018