Валенсија е повторно онаа старата. По падот кон крајот на јануари и почетокот на овој месец, кога врзаа дури шест порази, „Лилјаците“ ја запишаа и третата победа и така дополнително се зацврстија на четвртата позиција во Примера.
Името кое ги направи среќни навивачите на Валенсија е Санти Мина, кој стгина до третиот погодок зад своето име во последните три натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се започна во 34. минута по одличната соработка со Мартин Монтојо во која Тоно Рамирез беше потполно немоќен.
По водечкиот погодок на мина, Валенсија драстично да подобри формата, што Ојаразбал ја казни на почетокот на второто полувреме. Суперталентираниот крилен напаѓач одлично го најде Канаљес на самата ивица на казнениот простор по добрата акцијата која потполно ја разголи одбраната на Валенсија.
Но, последен се смееше Санти Мина. И тоа по големата грешка на Тоно Рамирез, кому топката му падна од раце при интервенцијата, што младиот напаѓач на Валенсија го казни со удар во мрежата.