Попладнево се одиграа уште три натпревари од 21-то коло во Македонската лига, а лидерот Шкендија едвај го скрши отпорот на Акандемија Пандев.
Натпреварот во Тетово се играше во лоши услови, а Шкендија се намачи против Академија Пандев. Домаќините промашија два пенали, и на крајот со голот на Хасани во 80-та минута дојдоа до победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Луд“ натпревар одиграа Победа и Шкупи во Битола кој на крајот заврши без победник со резултат 3:3.
Без победник заврши и мечот во Автокоманда помеѓу Скопје и Ренова (1-1).