Дома Фудбал Провокација од Венгер: Не знам колку Гвардиола е заслужен за успехот на Сити

Провокација од Венгер: Не знам колку Гвардиола е заслужен за успехот на Сити

Aрсен Венгер иако не е познато по таквите изјави, сега изгледа дека испрати мала провакција пред утрешниот натпревар во финалето од Карабо купот помеѓу, Манчестер Сити и Арсенал…

Манчестер Сити и Арсенал утре ќе водат борба за првиот трофеј во Англија. Во финалето од Карабо купот…

„Мислам дека Гвардиола него подигна квалитетот на Сити. Сепак Барселона и понатаму е најдобар клуб во светот. Не знам за колку од ова што го прави Сити е заслужен тој. Ние како тренери можеме да влијаеме на филозофијата на екипата, но на крајот сепак пресудува квалитетот на играчите. Во модерниот фудбал, повеќе од претходно. Денес се е во рацете на најдобрите фудбалери кои можат да си ги дозволат само мал број клубови“, зборуваше Венгер.

Венгер фаворитската улога со задоволство му ја препушти на Манчестер Сити.

„Мораме да влеземе во натпреварот со ладни глави. Тие се фаворити за трофејот. Во Премиер лигата покажаа колку се подобри од останатите“, изјави Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд го презеде врвот, Бруно падна дури на 11. место во изборот на „Скај спортс“

Новинарите на „Скај спортс“ ја обновија листата на 25 најдобри играчи во Премиер лигата. Х…