Дома Останати Сензација во Пјонгчанг: 15 годишна тинејџерка го донесе првото злато за Русија (Видео)

Сензација во Пјонгчанг: 15 годишна тинејџерка го донесе првото злато за Русија (Видео)

Руската натпреварувачка Алина Загитова освои златен медал во Пјонгчанг и така на својата земја и го донесе првиот златен медал на игрите во Јужна Кореа.

Загитова која има само 15 години, до златото стигна со освоени 239.57 бодови.

„Бев возбудена, но моето тело го правеше она што го тренирав. Не можам да да верувам дека сум олимписка шампионка. Постојат многу титули кои можат да се освојат, но олимписката е најголема“, изјави Загитова.

Среброто во оваа дисциплина замина во рацете на нејзината сонародничка, Евгенија Медведова, која натпреварувањето го заврши со 238 освоени бодови. Канажангата Кетлин Озмонд собра 231.26 бодови што и беше доволно за бронза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Седум блока против поранешниот клуб: Алексиќ блесна во драмата со Новара

Маја Алексиќ со 17 поени ја предводеше екипата на Скандиќи до победа над Новара во пет сет…