Дома Трансфер зона Милан и Јувентус се „тепаат“ за ѕвездата на Реал Мадрид

Милан и Јувентус се „тепаат“ за ѕвездата на Реал Мадрид

Италијанските гиганти Милан и Јувентус се силно заинтересирани за играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос.

Себаљос минатото лето пристигна како големо засиливање од Бетис, откако беше прва ѕвезда на Европското првенство за играчи до 21 година.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа, Шпанецот оваа сезона добива многу мала минутажа кај Зинедин Зидан и не е задоволен од својот статус.

На последниот натпревар против Леганес, Зизу го стави во игра Себаљос во последната минута, нешто што медиумите го протолкуваа како понижување.

Реал Мадрид ги одби сите понуди за играчот во зимскиот преоден рок, но јасно е дека Себаљос ќе инсистира на лето да ја промени средината.

Италијанските медиуми тврдат дека најсилен интерес за плејмејкерот покажуваат Милан и Јувентус кои се спремни да платат 30 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…