Kaпитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е задоволен од тоа како работите во овој клуб се одвиваат во последно време.
„Кралевите“ вчера на гостински терен го победија Леганес со 3:1 во рамките од шпанската Ла Лига, а после победата Рамос истакна дека тој и соиграчите успеале да ја свртат сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ги свртивме работите и сега мораме да продолжиме со ваквите резултати. Ваквите победи ни даваат мотив и тоа значи дека ќе можеме да се бориме за да ги остватиме нашите цели. Сакаме да го намалиме заостанувањето, да напредуваме и постигнуваме што е можно повеќе погодоци“, изјави Рамос.
Исто така новинарите ги интересираше дали пости ривалство помеѓу него и Бејл кога во прашање е изведувањето на пенали.
„Пенал? Кога Роналдо не е теренот. Бејл или јас ги изведуваме пенали, но не постои ривалитет помеѓу нас двајца“, порача капитенот.