Дома Фудбал Менаџерот на Конте стави крај на сагата: Антонио не остава ништо недовршено

Менаџерот на Конте стави крај на сагата: Антонио не остава ништо недовршено

Се чини дека турбулентен период е присутен кај Челзи и Антонио Конте, но своевремено се намалија гласините за заминувањето на Италијанецот од клупата на Плавите.

Меѓутоа, додека таквите шпекулации беа најгласни во италијанските медиуми се појавија информации дека Антонио Конте би можел да се врати на клупата на репрезентацијата на Италија, која е без кормилар од заминувањето на Џампјеро Вентура по неуспехот во изминатите квалификации за СП.

Сега сепак, менаџерот на Конте одлучи да стави крај на сите приказни за можното враќање во Италија на неговиот клиент.

„Конте веќе имаше искуство, а сега префереира секојдневна работа со екипата. Го гледам во Челзи и следната година, бидејќи неговиот договор важи уште сезона и половина, а тој не сака ништо да остави недовршено“, истакна менаџерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…