Дома Фудбал Лига на шампиони Меси призна: Ние го мразиме Челзи, не сакаме да играме против нив!

Меси призна: Ние го мразиме Челзи, не сакаме да играме против нив!

Наредната недела на програмата се уште четири натпревари од осминафиналето во Лигата на шампиони, а во центарот на вниманието секако ќе биде дуелот Челзи – Барселона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Првиот меч се игра на „Стенфорд Бриџ“, а првата ѕвезда на Каталонците Лео Меси откри дека Барселона не обожава да игра против „сините“.

Меси во едно интервју откри дека многу фудбалери на Барселона едноставно го презираат Челзи.

„Постојат играчи во Барса кои го мразат Челзи повеќе од Реал Мадрид. Не верував дека ќе се слушнам себе како го изговарам ова. Подобро би играле со Арсенал, Манчестер Јунајтед или било кој друг, отколку против Челзи“, изјави Меси.

Историјата на овие два тима во ЛШ е голема, се сретнаа 12 пати во ова натпреварување. Челзи славеше во четири наврати, Барса три пати, а пет пати играа нерешено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Важен ден на „Олд Трафорд“: Детето на Јунајтед потпиша до 2031!

Талентираниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Мајну (21), ја продолжи соработка…