Дома Луд Спорт Видео: Лажен Ким Џонг предизвика ХАОС на Олимписките игри

Видео: Лажен Ким Џонг предизвика ХАОС на Олимписките игри

Лажниот Ким Џонг Ун појде помеѓу навивачите на Северна Кореја во Пјонгчанг за да ги поздрави, а неговиот потфат не помина најдобро.

Засега е познато дека се вика Ховард, дека е од Австралија, по потекло е од Кина, а присуствуваше на хокејскиот натпревар. Тие на неговата смеа не реагираа баш најдобро. Во прв момент тотално ги уби навивачка атмосфера, а потоа го игнорираа. Наскоро се појавија момци кои се погрижија лажниот Ким да исчезне.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Ме удираа и ми викаа нешто на корејски, беа видно нервозни“ вели Ховард. После тоа го опкружија полицајци од Јужна Кореја и не го пуштија да оди за да не настрада. Пуштен е откако натпреварот заврши.

„Ми рекоа дека ќе бидам задржан поради мојата сигурност. Им реков дека не прекршив никаков закон и не изнесував политички ставови“, вели тој.

Ховард и порано се појави на церемонијата на отворањето од ЗОИ, а тогаш друштво му правеа и лажните Доналд Трамп и Денис Алан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…