Шпанските медиуми пренесуваат дека Герет Бејл и Карим Бензема би можеле да го напуштат Реал Мадрид на лето, а како пресуден момент го наведуваат двомечот со ПСЖ во Лигата на шампиони.
Раководството на Реал го губи трпението поради нивните неубедливи партии оваа сезона, па Велшанецот и Французинот мораат да одиграат на ниво против ПСЖ за да го задржат местото во тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лига на шампиони всушност и не е натпреварување кое му „лежи“ на Бејл и солидни партии во ЛШ тој пружи само во првата сезона кога постигна 6 гола. Минатата сезона Велшанецот постигна само 2 гола во ЛШ и тоа против Легија.
Што се однесува до Бензема, тој редовно ги треси мрежите во ЛШ, па за девет сезони во Реал постигна 41 гол во најелитното натпреварување. Меѓутоа Французинот оваа сезона игра во катастрофална форма и има постигнато само два гола.