Дома Останати ГАФ на годината: Водителка тресе глупости за холандските лизгачи на Олимпијадата (Видео)

ГАФ на годината: Водителка тресе глупости за холандските лизгачи на Олимпијадата (Видео)

Типкава се вика Кети Курик и е спортска коментаторка на американската NBC која го привлече вниманието на „социјалата“ со нејзината „бравурозна“ анализа за успехот на Холанѓаните во лизгање додека ги најавуваше на отворањето на зимските Олимписки игри во Пјонгчанг.

Холанѓаните биле толку добри во брзо лизгање, затоа што каналите на Амстердам зимно време замрзнувале и тие наместо да користат јавен градски превоз се лизгале по каналите.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Нормално, како што тоа бидува, на ваква глупава и безвезна теза следеше безмилосно и јако тролање на интернет, а меѓу духовитите коментари на Холанѓаните, еден од појаките вели: „Летно време пак ние со пливање одиме на работа, но за тоа ќе слушнете на наредната Летна Олимпијада“.

Е сега, реално, каналите во Амстердам толку многу ретко замрзнуваат, што одвај по некој жител на Амстердам ќе се осмели рекреативно да се полизга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…