Ставре Јада не помина добро на првиот свој настап во Пјонгчанг.
Македонцот заврши на 79 место од 80 натпреварувачи, но еден од натпреварувачите беше дисквалификуван, па така Јада е последен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На спринтот во класичен стил, Јада оствари време од 4:23.85 и со тоа имаше заостанување од 18 секунди во однос натпреварувачот кој беше пред него. Кога во прашање е разликата зад победникот, Јада заостануваше минута и 15 секунди.
Сепак, треба да се истакне дека оваа дисциплина не е најсилна страна на Јада и подобар пласман сигурно дека очекуваме на трката на 15 километри која на програмата е во петок.