Во последно време многу се шпекулира за иднината на Артуро Видал, особено поради силниот интерес на клубовите од Премиер лигата.
Видал има договор на уште една сезона со Баерн, но германските медиуми пренесоа дека Баварците сакаат да го продадат за да направат место за Леон Горецка кој ќе пристигне од Шалке.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Овде се чувствувам одлично, моето семејство е среќно. Се разбира дека сакам да потпишам нов договор и да останам во Баерн. Ќе видиме какви се опциите“, изјави Видал.
„Има причина зошто играм во Баерн, затоа што сум еден од најдобрите фудбалери на мојата позиција“, нескормно додаде Чилеанецот.
Останува да видиме дали Баерн ќе му понуди нов договор во следните месеци или Видал ќе биде продаден на лето.