Дома Фудбал Англија Совет до Арсенал: Отпуштете го Венгер и доведете го Антонио Конте!

Совет до Арсенал: Отпуштете го Венгер и доведете го Антонио Конте!

Раководството на лондонски Арсенал доби интересен совет од поранешниот англиски репрезентативец, Пол Мерсон.

Тој смета дека екипата од „Емирати“ би требало на местото на Венгер да го доведе Антонио Конте на кој му се „насмевнува“ отказ на „Стенфорд Бриџ“.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Мерсон откри и зошто мисли така.

„Доколку сум во таква позиција во моментот кога Конте ќе го напушти Челси веднаш би се фатил за телефонот. Менаџер каков што е Конте не се наоѓа често. На Арсенал му е потребен некој каков што е Конте. Не смеат да испуштат ваква шанса, големи менаџери тешко се наоѓаат“, изјави Мерсон, но не заврши тука.

Мерсон го смета Венгер за виновник за лошите резултати на клубот во последно време.

„Јирген Клоп, Жозе Мурињо, Пеп Гвардиола…Сите оние менуваа клубови и ги превзимаа ривалите само затоа што Венгер седеше мирно, место да се опрости. Тука се уште неколку големи менаџери како што е Макс Алегри. Сепак, сметам дека него би му било потребно време да се навикне на Англија“, верува Мерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѓокереш му се нудел на Реал, но пристигнал јасен одговор од Мадрид

Виктор Ѓокереш, напаѓач на португалскиот првак Спортинг Лисабон и репрезентативец на Шведс…