Унгарски Веспрем запиша пораз од гостувањето кај Кил во рамки на Лигата на шампионите со 22:20.
Во 11. коло тимот на нашиот Дејан Манасков беше поразен, а тоа се чини беше познато уште од самиот старт на мечот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, првото полувреме Кил го доби со пет погодоци позитива, односно 14:9, а во продолжението иако Веспрем се доближи не успеа да дојде до пресврт, па оттаму и конечните 2 погодоци разлика во корист на германскиот состав.
Нашиот интернациоаналец на мечот запиша четири погодоци.
Инаку покрај Веспрем и Кил, на денешниот програм силите ги одмерија и Мешков Брест и Алборг кои ремизираа 23:23.