Дома Фудбал Останато Најплатените тренери на денешницата: Гвардиола лидер, ПСЖ на играчи троши милиони, а Емери го нема во ТОП 10!

Најплатените тренери на денешницата: Гвардиола лидер, ПСЖ на играчи троши милиони, а Емери го нема во ТОП 10!

Шпански „АС“ во своето денешно издание направи листа од најплатените 10 тренери.

Лидер на оваа листа на „АС“ е Шпанецот Пеп Гвардиола кој го предводи Манчестер Сити и годишно заработува по 19 милиони евра. Веднаш зад него се наоѓа тренерот на градскиот ривал на „граѓаните“, Жозе Мурињо кој неодамна потпиша нов договор со „ѓаволите“ според кој ќе добива плата од 16 милиони евра по сезона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На третата позиција можеби и малку изненадувачки се наоѓа Диего Симеоне кој во Атлетико за договорот кој има важност до 2020 година добива 15 милиони евра. На четвртата позиција е Виљаш Боаш кој во кинескиот Шангај добива 13.5 милиони евра, зад него следуваат: Венгер (Арсенал), Зидан (Реал Мадрид), Клоп (Ливерпул), Конте (Челзи), Алегри (Јувентус), Покетино (Тотенхем).

Интересно е тоа што ПСЖ кој за своите фудбалери ова лето потроши стотици милиони својот тренер Унаи Емери го плаќа нешто помалку од три милиони евра, додека најмалку платениот на оваа листа (Покетино) добива 6.6 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…