Дома Фудбал Италија Гатузо: Смешно е да давате комплименти, само ме нервирате!

Гатузо: Смешно е да давате комплименти, само ме нервирате!

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо изјави дека комплиментите кои пристигнуваат на адреса на неговиот тим се смешни и многу го нервираат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гатузо смета дека „росонерите“ треба да бидат многу повисоко на табелата и дека моменталното 8-мо место не е реално според квалитетот на тимот.

„Многу се нервирам кога ќе слушнам комплименти за мојот тим. Видете ја табелата и ќе видите дека смешно е да се даваат комплименти. Сигурно може да играме подобро, па не треба да обрнуваме внимание на комплиментите, туку да работиме повеќе. Треба да го вратиме Милан таму каде што му е местото“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Толку беше: Нејмар веќе нема да игра за Бразил, заминува како најдобар стрелец!

Нејмар објави дека се повлекува од репрезентативната кариера по елиминацијата од Светското…