Дома Македонски спорт ЗОИ 2018 во Пјонг Чанг – на Македонската телевизија

ЗОИ 2018 во Пјонг Чанг – на Македонската телевизија

Македонската радио-телевизија информира дека на своите програми ексклузивно ќе ги емитува настаните од Зимски олимписки игри во Пјонг Чанг, кои ќе се одржат од 9 до 25 февруари оваа година.

„По долги и исцрпувачки преговори со ’Дискавери’, официјалниот носител на правата за Олимписките игри на територијата на Европа во периодот 2018-2024, јавниот сервис успешно ја круниса важната мисија – да ја продолжи полувековната традиција, според која спектакуларните манифестации се меѓу главните препознатливи белези на неговата богата спортска програма. Договорот со кој МРТ обезбеди да ги пренесува и Олимписките летни игри во Токио во 2020 година е склучен на три дена пред почетокот на Игрите во Пјонгчанг, пред сè поради цената на телевизиските права далеку повисока во однос на цената од претходните олимпијади. Сепак, Македонската радио-телевизија вложи максимални напори и успеа да издејствува поволни услови, врз основа на кои ќе остане главниот промотор на олимпизмот и на олимпиското движење во земјава“, се вели во соопштението.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Од 9 до 25 февруари на МТВ 1 и на МТВ 2 гледачите ќе може да уживаат во 150 часа ексклузивна премиерна програма од најатрактивните случувања на снежните терени во Пјонгчанг. Во периодот од 2 часот изутрина до 15.30 часот попладне директни преноси ќе одат од натпреварите во алпско скијање, хокеј на мраз, уметничко лизгање, скијачки скокови, биатлон и во нордиско скијање. Поради временската разлика со Кореја од осум часа, некои од возбудувањата во боб, санкање, брзо лизгање, акробатско скијање и во сноуборд ќе бидат емитувани одложено во попладневните и во вечерните часови, па заедно со репризите јавниот сервис ќе понуди повеќе од 200 часа ексклузивнa олимпискa содржинa.

Во редовните термини ќе бидат емитувани и преносите од фудбалската Лига на шампионите и од Лига Европа, од ракометната Лига на шампионите во двете конкуренции, од ракометната СЕХА-лига, како и од завршниот турнир на кошаркарскиот Куп на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…