Meнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го критикуваше судијата после ремито во натпреварот против Тотенхем (2:2)
Хари Кејн изедначи од пенал во 95 минута и така го постигна својот стоти гол во Премиер лигата, а само неколку минути претходно не успеа да реализра удар од белата точка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој пенал беше досуден откако Кејн падна по дуелот со Кариус, а на видео снимката можеше да се види дека конткактот е минимален и дека нема основа за најстрога казна. Меѓутоа, голманот на Ливерпул го одбрани тој пенал.
„Па толку контакти и удари воопшто не беа досудени, а потоа за најмалиот контакт беше досуден пенал“.
„Слушнав и дека Ламела бил во офсајд. Судијата дозволи да се игра, а помошникот одлучи поинаку. За првиот пенал, Кејн беше во офсајд, мојата одбрана добро одигра. Лут сум, но не можам ништо да променам. Доколку кажам што мислам би ја добил најголемата казна во историјата на фудбалот. Па во 93 минута се суди пенал само доколку си 100% сигурен“, изјави Клоп.