Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер ги договорил личните услови со напаѓачот на Расинг и еден од најголемите таленти во Аргентина, Лаутаро Мартинез.
Спортскиот директор на „нероаѕурите“, Пјеро Аусилио отпатува во Аргентина, а медиумите тврдат дека е блиску до постигнување на договор со Расинг околу отштетата која најверојатно ќе изнесува 23 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
20-годишниот напаѓач беше на радарот на многу европски гигнати, меѓу кои Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, но Интер ја доби трката за неговиот потпис.
Мартинез треба да пристигне во Интер на лето и ќе потпише 5-годишен договор.
Синоќа спортскиот директор на Интер го гледаше во живо напаѓачот против Хуракан, и имаше што да види, Мартинез постигна хет-трик.