Италијанскиот стратег Карло Анчелоти е се уште без работа откако на почетокот на сезоната доби отказ од Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Анчелоти имаше неколку примамливи понуди, но италијанскиот стратег одлучи да одмара до крајот на сезоната. Карло е еден од главните кандидати за клупата на италијанската репрезентација, но наводно неговата цел е да остане во клупскиот фудбал.
Италијанските медиуми објавија денес дека Анчелоти добил многу интересна понуда. Имено, овој 58-годишен стратег на маса има понуда од Атлетик Билбао до крајот на сезоната да го води баскискиот тим.
Билбао е спремен да му врачи отказ на Хозе Ангел, а најголема желба е токму Анчелоти. Меѓутоа, мали се шансите поранешниот тренер на Реал Мадрид да ја прифати понудата.