Дома Трансфер зона Џеко само го одложи заминувањето, ова се опциите за Босанецот

Џеко само го одложи заминувањето, ова се опциите за Босанецот

dzeko

Един Џеко го одби Челси, но изгледа дека ова е негова последна полусезона во Рим. Кои се опциите?

Босанецот не заврши во Челси, а причина што не потпиша со англискиот клуб е должината на договорот. Имено, „сините“ на Џеко му нудеа договор на година ипол со оглед на годините на Џеко и правилото на Челси за играчи над 30 години (не им дава договор на повеќе од една година, освен доколку не бидат доведени во зимкиот преоден рок).


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Но, Џеко во Рома изгледа ќе остане само до лето. Во февруари кога во Кина се уште е отворен трансфер периодот сигурно и ќе пристигне некоја понуда, но напаѓачот ги одбиваше понудите од Азија, а се очекува истото да го направи и овој пат.

Рома сепак има намера да го продаде на крајот од сезона, Мончи сака да го подмлади тимот на „волчицата“. За Џеко пристигна понуда и од Милан минатото лето, но изгледа дека дека тој ќе ја напушти Италија.

Некои нови информации го поврзуваат со МЛС лигата каде што сигурно би добил голема сума, иако не треба да се исклучи и враќање во Германија каде што го носеше дресот на Волфсбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …