Дома Фудбал Останато Утринска „БОМБА“: Наследникот на Венгер е спремен и тој е причината за новиот договор на Озил!?

Утринска „БОМБА“: Наследникот на Венгер е спремен и тој е причината за новиот договор на Озил!?

Оваа вест се рашири утрово помеѓу навивачите на Арсенал, наводно Французинот спремил излезна стратегија, а се верува дека на наследникот ќе му остави одличен тим.

Венгер има договор уште две години, но веројатно доколку не успее да се избори за влез во Лигата на шампионите без разлика дали тоа ќе биде преку Премиер лигата или освојување на Лигата на Европа, деновите му одбројани.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Помеѓу навивачите на Арсенал кружат приказни дека веќе се работи на излезна стратегија и дека останувањето на Озил е поради новиот менаџер.

Во прашање наводно е Јоаким Лев, а не Карло Анечлоти како што се најавуваше претходно. Германецот ги напушта „ панцерите“ и е прв кандидат за клупта на Реал, но во германските и шпанските медиуми се појави информација дека неговите мислења за тимот на „кралевите“ не се поклопуваат со оние на Флорентино Перез.

Лев не работел во клуб уште од 2004 година, две години му беше помошник на Клинсман пред да ја превземе репрезентацијата.

Зошто Венгер би заминал?

Прво, поради неуспехот, две години без Лигата на шампиони, па и да го освојуват Лига купот би биле пресудни тој да си замине. Ниту клубот нема повеќе трпени, ќе видиме како се ќе функционира со Обамејанг и Михтаријан, но сеедно ако нема резултати овие информации би требало сериозно да ги сфатиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…