Што ќе биде со Ријад Марез тоа е главното прашање после затварањето на трансфер пазарот…
Повторно се обидуваше на се, бараше трансфер, бојкотираше, одби да игра против Еверон, но и покрај тоа Лестер не го пушти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Скај Спорт“ пренесува дека Марез е разочаран до толку многу што на свој близок пријател му се доверил дека повеќе не сака да игра за „лисиците“.
Сепак, тренерот на Лестер Клод Пуел е спремен да му пружи рака за смирување и да му овозможи повторно да конкурира за тимот.
„Добро е што остана, тоа е убава вест, ќе зборувам со него. Морам да внимавам и на остатокот од тимот, кога во прашање е Ријад ќе видиме…Ситуацијата тешка, но ќе мораме да се избориме. Се надевам дека ќе се врати на тренинзите со насмевка на лицето и ќе биде среќен што ќе игра со нас“, изјави Пуел.