Дома Фудбал Англија Бенитез конкурентен за „вишокот“ на Зидан

Бенитез конкурентен за „вишокот“ на Зидан

Менаџерот на Њукасл, сака да донесе на позајмица играч за врска кој има епизодна улога кај Зинедин Зидан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Бентиз малку што му минува низ рака во овој трансфер период, но се појави надеж дека преодниот рок би можел да донесе и нешто добро.

Според последните информации кои пристигнуваат од Островот, Њукасл ќе се обиде да го донесе младиот играч за врска Марко Љоренте на позајмица.

Љоренте одигра 12 натпревари оваа сезона за Реал, Зидан му даваше шанса претежно во „Купот на Кралевите“, натпреварување од кое кралскиот клуб е елиминиран од Леганес.

Јасно е како ден дека ќе остане на маргините доколку остане на „Бернабеу“, така што позајмицата звучи како најдобро решение.

Проблемот е што Њукасл има конкуренција за интерес од страна на некои шпански клубови, од кои најмногу загриза Депортиво од Ла Коруња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул откри споменик на Диого Жота и неговиот брат на Енфилд (Фото)

Ливерпул на првата годишнина од смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва откри тра…