Иако длабоко навлезе во четвртата деценија од животот, Самуел Ето не се предава и натаму потпишува договори.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендарниот Камерунец вечерва потпиша за 12. клуб во кариерата.
Бидејќи го раскина договорот со Анталија, Ето како слободен играч мина во Конијаспор. И потпиша феноменален договор со оглед на тоа дека наскоро ќе наполни 37 години.л Камерунецот за клубот потпиша две и пол години со опција соработката да биде продолжена на уште една година, а по сезона ќе заработува 2 и пол милиони евра.
Тој во изминативе две и пол сезони во Анталија заработуваше 3 милиони евра, а постигна 36 погодоци на 56 натпревари. Но, по финансискиот крах на клубот тргна по стапките на Менез и Сандро кои заминаа поради долгови. Пред Анталија играше во Реал Мадрид, Леганес, Мајорка, Барселона, Интер, Анжи, Челзи, Евертон и Сампдорија.