Ѕвездата на Баерн Минхен, Франк Рибери го обнови договорот со Баерн Минхен до јуни 2018 година, официјално потврдија од клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Рибери истекуваше на крајот на сезоната, а со оглед дека е во поодминати години, Баварците му понудија едногодишен договор.
„Многу сум среќен што ќе можам да играм во Баерн уште една година. Овој одличен клуб и град станаа мој дом, како во фудбалски, така и на личен план“, изјави 33-годишниот Французин.
Тој пристигна во Баерн во 2007 година и до сега забележа 333 натпревари, во кои постигна 108 гола и импресивни 164 асистенции.
Во последните неколку сезони Рибери беше постојано измачуван од повреди, но оваа сезона е стандарден во тимот на Анчелоти.