Во Барселона нема повеќе место за него, па јасно е дека Деулофеу до крајот на зимскиот преоден рок ќе го напушти „Камп Ноу“.
Крилниот напаѓач беше на чекор од враќање во Серија А бидејќи за него силен интерес покажуваа Наполи и Рома, но последните информации говорат дека најверојатно ќе се пресели во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во трката за неговиот потпис се вклучи Ватфорд бидејќи новиот тренер Хави Гарсија верува дека Деулофеу ќе биде идеално засилување за неговиот тим.
Деулофеу има искуство во Премиер лигата бидејќи во два наврати настапуваше во Евертон, но со доаѓањето на Роналд Куман го загуби местото во тимот.
Барселона минатото лето го врати за 12 милиони евра, а сега за неговата слобода бара 20 милиони евра, сума која Ватфорд е спремен да ја плати.