Дома Фудбал Германија Врие во таборот на Баварците: Боатенг му возврати на претседателот!

Врие во таборот на Баварците: Боатенг му возврати на претседателот!

После неочекуваниот пораз на Баерн Минхен против Ростов во ЛШ се оглеси претседателот на Баварците, Карл Хајнц Румениге и јавно го критикуваше Жером Боатенг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Румениге го критикуваше начинот на живот на Боатенг и му предложи „да не лета многу и да се спушти на земја“.

„Критиките на моја и на сметка на целиот тим се оправдани. Не играв добро, но тоа е затоа што сеуште не сум се вратил во форма после повредата на ЕУРО и покасно ги почнав припремите“, изјави Боагенг.

„Нема тоа врска со мојот начин на живот. Тие кои ме почнаваат знаат дека секогаш правам се за да бидам во топ форма“, му одговори дефанзивецот на претседателот.

Боатенг беше директен виновник за два примени гола против Ростов, а во 58-та минута беше изваден од игра поради повреда. За среќа прегледите покажаа дека не станува збор за ништо сериозно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

БиХ поведе во Торонто!

БиХ го игра својот прв меч на Светското првенство против Канада, а Змејовите дојдоа до пре…