Дома Трансфер зона Лукаш Моура се договори со Англискиот гигант: Трансферот може да се случи следните денови

Лукаш Моура се договори со Англискиот гигант: Трансферот може да се случи следните денови

Моура во 2013. година од Сао Паоло пристигна во ПСЖ како големо засилување.

Сепак, во Париз не се наигра и речиси секогаш беше резервна опција. Така е и оваа сезона. Одличниот 25-годишен играч обично е резерва под водство на Унаи Емери, па одлучи да го напушти Париз во јануарскиот трансфер период. Бразилецот кариерата би требало да ја продолжи во Тотенхем. Тој денеска објави разговори со првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, дека е подготвен да потпише за Спарсите, а и ПСЖ ги постави своите барања.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неговото доаѓање сигурно би го зајакнало тимот на Маурисио Покетино. Иако во составот имаат големи врвни играчи, кој ги предводи Хари Кејн, Моура би дал нова напаѓачка опција за Спарсите. ПСЖ за услугите на својот фудбалер бара 25 милиони евра, што е сосема прифатлива цена и реално е да се очекува наскоро да го видиме во дресот на тимот од Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…