Од штабот на Реал Мадрид потврдија дека Герет Бејл ќе претрпи операција на десниот глужд, откако заработи повреда на натпреварот од Лигата на Шампионите против Спортинг Лисабон.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Од почеток повредата не изгледаше многу сериозна, но после деталните прегледи било утврдено дека Бејл ќе мора да оди на итна операција.
Операцијата ќе биде направена на 29 ноември во клиника во Лондон од страна на д-р Џејмс Калдер.
Тоа значи дека велшкиот фудбалер подолго време ќе отсуствува од фудбалските терени, односно три до четири месеци.