Пред последното коло од групната фаза во Лига на шампиони 12 клубови обезбедија сигурен пласман во осминафиналето, а останаа уште четири празни места.
Европска пролет во најелитното клупско натпреварување осигураа: Арсенал, ПСЖ, Барселона, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Монако, Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Лестер и Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во групата А сигурно патници се Арсенал и ПСЖ, но пред последните 90 минути влегуваат со ист број бодови па последниот натпревар ќе одлучува за прво место. Во меѓусебниот скор, кој би можел да одлучува на крајот подобар е ПСЖ и моментално е лидер во групата.
Во групата Б е најголемата драма бидејќи три клуба имаат шанси да одат понатаму. Моментално водат Наполи и Бенфика со по 8 бода, додека Бешикташ има само бод помалку. Се ќе се решава во последното коло кога ќе се сретнат Динамо Киев-Бешикташ и Бенфика-Наполи.
Во групата Ц Барселона го осигура првото место, а Манчестер Сити оди понатаму како второпласиран. Борусија Мехенгадбах сигурно патува во Лига Европа.
Во Групата Д Атлетико Мадрид е сигурен победник пред последното коло, додека Баерн го осигура второто место. ПСВ и Ростов ќе се борат за Лига Европа.
Во групата Е Монако е сигурно на првото место, а во осминафинале ќе патува и Баер Леверкузен. Тотенхем и ЦСКА во последното коло ќе се борат за Лига Европа.
Во групата Ф понатаму одат Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, но последното коло ќе одлучува кој ќе биде победник во групата. Двата тима ќе одиграат меѓусебе на „Сантиаго Бернабеу“, а германскиот клуб моментално има два бода повеќе.
Во групата Г Лестер е сигурен победник, а второто место го држи Порто со два бода повеќе од Копенхаген. Клуб Бриж нема никакви изгледа за европска пролет.
Во групата Х Јувентус го осигура осминафиналето, а за другиот патник ќе одлучува меѓусебниот дуел помеѓу Севиља и Лион кој ќе се одигра во Франција. Шпанскиот клуб моментално има 3 бода повеќе, а во првиот дуел со Лион беше 1:0.